Пред неколку месеци метеор удри во површината на црвената планета, создавајќи нов кратер што според проценките на истражувачите е широк од 15 до 16 метри.
Спектакуларната особина е јасно видлива во ново-објавената слика од НАСА. Вселенското летало што ја сликаше црвената планета одблизу, Марсовскиот орбитер за извидување, повеќе од 13 години ја фотографира четвртата планета во нашиот сончев систем, користејќи го својот HiRISE фотоапарат со висока резолуција на слики, како и фотографирање на поголеми делови од теренот со контекстната камера со пониска резолуција (CTX).
Според НАСА, метеорот бил широк околу 1.5 метри. Толкав вселенски камен би се распарчил или целосно уништил, доколку мине низ многу погустата атмосфера на Земјата.
“Ова е потсетник за тоа што е таму”, изјави за Space.com Бреј, специјалист за таргетирање на HiRISE, кој го сними овој нов кратер.
Бреј додава дека Марс е динамично место, каде има менување на песочни дини, прашински торнада и бури кои траат со месеци.
Текстот Метеор на Марс направи спектакуларен кратер е превземен од USB.mk.