Сензорите за притисок откриле губење на притисокот во Меѓународната вселенска станица во средата вечерта, а се претпоставува дека станицата била погодена од метеороид кој направил дефект.
Екипажот на ISS по предупредувањето морал да го лоцира дефектот кој по потрагата бил пронајден на руската капсула Сојуз, која е поврзана на станицата. Шефот на руските вселенски агенции, Дмитриј Рогозин, изјави дека кислородот излегувал низ пукнатина со дебелина од 1,5 мм што би можело да биде резултат на удар од метеороид.
„Екипажот е на сигурно и не е во опасност. Леталото ќе биде задржано, и ќе ја искористиме опремата за негова поправка,“ изјави Рогозин.
Тој додал и дека е потребно да се користи заптивната маса на внатрешноста на леталото, така што вселенска прошетка не е потребна.
Испуштањето на кислородот било бавно и не претставувало никаква опасност за екипажот. NASA изјавила дека екипажот може да преспие пред да се изврши отстранувањето на дефектот, при што тоа и било сторено. Откаке се разбудиле, шест членови на екипажот го локализирале дефектот на руската станица.
На меѓународната вселенска станица и се потребни редовни мали поправки на разните системи, а распукувањето на трупот е исклучително ретко. Членовите на екипажот мора да се справуваат со пукање на внатрешните цевки, проблеми со електрониката и дефектите на различни уреди.
Текстот Метеороид ја погодил Меѓународната вселенска станица и направил пукнатина од која излегувал кислород е превземен од USB.mk.