Microsoft регистрираше патент за паметна облека

Google финансира разни проекти за паметн облека и е една од најактивните компании во оваа област. Еволуцијата на технологијата и истражувањето ги тера другите популарни брендови да покажат интерес. На пример, Microsoft веќе има регистрирано патент под името „Electronically Functional Yarn“. Компанијата се чини дека планира да почне со развој на паметни ткаенини за паметна облека.

Документите за патенти опишуваат метод за производство на ткаенини, кои обезбедуваат напредна компјутерска технологија. Веќе се експериментира со различни материјали за да се претвори овој проект на Microsoft во реалност. Компанијата сака да произведе „електронски функционална нишка“ која ќе најде примена во најразлична облека како што се маици, ракавици и јакни.

Овие податоци само ја потврдуваат желбата на Microsoft да го прошири својот бизнис во сегментот за паметна облека. Сè уште е рано да се очекува да видиме вистински производи со паметни ткаенини на компанијата. Сепак, ваквата технологија може да има разновидни примени во контроверзната и фитнес облека, но и во медицината, модата, автомобилската индустрија, паметните домови и многу повеќе.

Текстот Microsoft регистрираше патент за паметна облека е превземен од USB.mk.