Mini Cheetah: Роботи во есенска прошетка (ВИДЕО)

Експертите од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) ги израдуваа вљубениците во робтите со уште еден Cheetah модел. Се работи за роботот Mini Cheetah, кој дојде со посебен трик во роботскиот ракав, бидејќи совлада одредени интересни гимнастички вештини.

Имено, малиот робот во стил на искусните гимнастичари и забавувачи, пред осум месеци демонстрираше салто наназад, што не беше ништо ново, бидејќи роботот Atlas на компанијата Boston Dynamics изведе сличен трик уште во 2017 година. Сепак, Mini Cheetah стана првиот четириножен робот, кој беше во можност да го изведе овој трик, што беше повеќе од импресивно, бидејќи многу живи суштества со две нозе можат да го сторат истото, додека гимнастичари со четири нозе има многу помалку или помалку се познати во јавноста.

Mini Cheetah е помала верзија на роботот Cheetah 3 од 2018 година, тежок е околу девет килограми и може да се движи со брзина до 2,45 метри во секунда. Благодарение на неговите помали димензии, Mini Cheetah изгледа попријателски од својот покрупен претходник, па го споредуваат со кучиња кои можат да изведуваат трикови.

Сега се појави и ново видео со Cheetah роботите, кои овој пат не изведуваат циркуски претстави, но како најобични кучиња трчаат низ паркот, а може да се види дека сега ги има девет, што значи дека производството напредува.

Текстот Mini Cheetah: Роботи во есенска прошетка (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.