Најголемата месечина на Сатурн, Титан, е уникатна помеѓу сите месечини во нашиот Сончев систем поради својата густа и богата со азот атмосфера, која исто така содржи јаглеводороди и други хемиски соединенија – а приказната позади формирањето на оваа богата хемиска мешавина е извор на многу научни дебати, пишува Science Daily.
Најново истражување на темата, направено од страна на научници при Одделот за хемиски науки во Националната лабораторија на Лоренс Беркли во Лабораторијата за енергетика, е блиску до откривање на нискотемпературен хемиски механизам кој може да доведе до формирање на повеќекратни молекули – кои, пак, се прекурсори до покомплексната хемија која сега се наоѓа во кафеаво-портокаловата магла на оваа месечина.
Студијата, предводена од Ралф Кајзер на Универзитетот на Хаваи, е во спротивност со теориите дека за да се произведе хемиската “шминка“ која сателитските мисии ја забележуваат во атмосферата на Титан, се потребни механизми за реакција на висока температура.
“Ние нудиме докази за една патека која води преку реакциите на ниска температура, нешто за што луѓето претходно не размислувале. Ова доведува до надеж за откривањето на врската која што недостасува во поглед на хемијата на Титан“, рекол Мусахид Ахмед, научник во при одделот за хемиски науки и коавтор на студијата.
Титан може да даде и индиции за развојот на комплексната хемија на други месечини и планети, вклучувајќи ја и Земјата, објаснува тој. “Луѓето го користат Титан исто така и за да размислуваат за “претбиотичката Земја’, односно за периодот кога азотот бил поприсутен во раната атмосфера на Земјата“ потенцира научникот.
Текстот Мистеријата околу атмосферската магла на Титан е превземен од USB.mk.