Истражувачи при Државниот универзитет во Сан Диего неодамна направиле напредок во расветлувањето на сложениот процес за тоа како пајаците “црна вдовица“ ги трансформираат протеините во свила која има сила на челик, пишува Science Daily.
“Црните вдовици“ и нивните роднини, родени во умерените клими во Северна Америка, Европа, Азија, Австралија, Африка и Јужна Америка, произведуваат разни видови свила кои имаат исклучителни својства.
На научниците одамна им беше позната примарна секвенца на амино киселини кои ги сочинуваат некои од протеините на свилата која што ја произведуваат овие пајаци, а со тоа и структурата на влакната и мрежите.
Претходните истражувања претпоставувале дека протеините влегуваат во процесот на создавање на мрежата како амфифилни сферични мицели во нано-големина, пред пајакот да ги искористи во формирањето на свилени влакна. Меѓутоа, кога научниците се обиделе да го реплицираат овој процес, тие не можеле да создадат синтетички материјали со таква сила и својства како кај оние влакна кои биле произведен од страна на пајакот.
“Јазот во знаење буквално беше во средината. Она што не го разбиравме целосно е што се случува на нано ниво во свилените жлезди или пак за време на процесите на складирање, трансформација и транспорт, со кои протеините се претвораат во влакна“, изјавил Нејтан Џанески, еден од истражувачите при Универзитетот во Сан Диего.
Но, според изменената теорија на мицели, овие протеини не започнуваат како едноставни сферични мицели, односно како што претходно се мислеше – туку како сложени, соединети мицели. Според тоа, оваа уникатна структура потенцијално е неопходна за да се создадат импресивни влакни како оние на “црните вдовици“.
“Сега знаеме дека свилата на црните вдовици започнуваат како хиерархиски нано-структури (200 до 500 нанометри во дијаметар) од протеини, складирани во абдоменот на пајакот, а не како случаен раствор на индивидуални протеини или пак од едноставни сферични честички“, додаваат научниците.
Текстот Мистеријата околу тоа како “црните вдовици“ создаваат свилени мрежи со сила на челик е превземен од USB.mk.