Кога некои кучиња ќе слушнат како нивните сопственици велат “верверичка“, тие стануваат немирни и дури може да отрчаат до прозорецот и погледнат надвор. Но, што всушност значи зборот за кучето, дали тој им посочува дека треба да обрнат внимание бидејќи нешто се случува, или, пак, самото куче всушност замислува мал глодар во умот, прашува Science Daily.
Магазинот Frontiers in Neuroscience неодамна објавил една од првите студии која е посветена на користењето на слики од страна на мозокот, за да истражат како кучињата ги процеусираат зборовите кои научиле да ги поврзуваат со одредени предмети. Резултатите укажуваат на тоа дека кучињата имаат основна неврална претстава за значењето на зборовите што ги научиле, разликувајќи ги оние зборови што претходно ги слушнал, од оние зборови кои ги немаат слушнато.
“Многу сопственици на кучиња мислат дека нивните кучиња знаат што значат одредени зборови, но не постојат многу научни докази кои го поддржуваат ова тврдење“, вели Ешли Причард, научник при Одделот за психологија на Универзитетот Емори и коавтор на студијата. “Сакавме да добиеме податоци од самите кучиња, а не само извештаи од страна на нивните сопственици“.
“Знаеме дека кучињата имаат капацитет да обработуваат барем некои аспекти на човечкиот јазик, бидејќи тие можат да научат да ги следат вербалните команди“, додава невронаучникот од Емори, Грегори Бернс, еден од авторите на студијата. “Претходните истражувања, пак , укажуваат на тоа дека кучињата можат да се потпрат и на многу други знаци за да следат една вербална команда, како што се погледот, гестовите, па дури и емоционалните изрази на нивните сопственици“.
Истражувачите на Емори исто така се фокусирале и на прашања околу мозочните механизми кои кучињата ги користат за да разликуваат зборови, па дури и на она што всушност претставува самот збор за кучето.
Бернс е основач на “Проектот за кучето“, кој ги истражува еволутивните прашања околу најдобриот и најстариот пријател на човекот. Овој проект бил и првиот што успеал да тренира кучиња како доброволно да влезат во функционален скенер за магнетна резонанца (fMRI) и да останат неподвижни за време на скенирањето, без да бидат врзани или под седативи. Анализите од овој проект го поддржале разбирањето на нервните реакции на кучињата кога очекуваат некаква награда, потоа ги идентификувале специјализирани области во мозокот на кучето кои се однесуваат на процесуирањето на човечки лица, и дале одговори во поглед на поврзаноста помеѓу мирисите на човекот и кучето.
За време на на еден експеримент, обученото куче лежело во скенерот додека неговиот сопственик стоел директно пред него и му кажувал имиња на играчки во одредени интервали, а потоа му ги покажал и соодветните играчки.
Кучето Еди слушало како сопственикот му ги кажува зборовите “Piggy“ или “Monkey“, а потој тој му покажал и соодветни играчки. За проверка, сопственикот потоа зборувал нејасни зборови, како што се “bobbu“ и “bodmick“, и потоа држел нови предмети како на пример шапка или кукла.
Резултатите покажале поголема активација во аудиторните региони на мозокот кога станува збор за новите зборови, отколку за разлика од тренираните зборови.
“Очекувавме да видиме дека кучињата нерационално прават разлика меѓу зборовите што ги знаат и зборовите што не ги прават“, вели Причард. “Но, она што изненадува е тоа што резултатот е спротивен на истражувањата кои се спроведени врз луѓето – луѓето обично покажуваат поголема нервна активност за познати зборови отколку за нови зборови“.
Врз основа на ова, истражувачите претпоставуваат дека кучињата можат да покажат поголема нервна активност за нов збор, бидејќи тие чувствуваат дека нивните сопственици сакаат да го разберат она што го кажуваат, и тие се обидуваат да го сторат тоа. “Кучињата во крајна линија сакаат да ги задоволат своите сопственици, бидејќи можеби за возврат ќе добијат пофалба или храна“, вели Бернс.
Текстот Мистеријата околу тоа како кучињата ги процесуираат зборови е превземен од USB.mk.