Велигденскиот Остров, или Рапа Нуи, е остров сместен 3500 километри од брегот на Чиле. Овој мистериозен остров со години ги мачеше археолозите како оваа раса на полинезијски морепловци има исчезнато.
До сега археолозите беа убедени дека причината за изумирање на оваа цивилизација е честите битки меѓу себе како и искористување на природните богатства на островот.
Островот е познат по иљадниците џиновски статуи направени од камен кои што се наоѓаат распространети низ целиот остров.
Но ново откритије ја искомплицира оваа приказна, според нови ископувања археолозите заклучија дека ова општество не војувало меѓу себе.
Во контраст од досегашните верувања изгледа дека оваа цивилизација функционирала како едно општество кое што меѓу себе ги споделувала изумите во инжињерството, алатките, земјоделието и слично.
Археолозите сега повторно се запрашуваат и трагаат по докази кои што ќе разјаснат како оваа древна цивилизација наеднаш исчезнала од лицето на планетата.
Текстот Мистеријата за Велигденскиот Остров станува се почудна е превземен од USB.mk.