Жителите на градот Вестбрук во американската држава Мејн затекнаа необична појава на реката Пресумпскот, која поминува низ тоа место. Голем замрзнат диск буквално се појави преку ноќ во средината на реката, но никој нема никакво објаснување за тоа како се случило.
Ледената формација е со правилен кружен облик, како да е нацртана со шестар. Ова е само по себе невообичаено, а снимката со дронот што беше емитуван на сите медиуми низ САД, но исто така и во светот, покажа уште една необичност – дискот од воздухот изгледа како површина на Месечината.
– Изгледа како Месечината да слета во Вестбрук! – беше коментарот на официјалната фејсбук страна на градот.
Даг Бертлсман, чија канцеларија гледа на реката, забележа нешто интересно – ледениот диск полека се врти во спротивна насока од насоката на стрелките на часовникот.
Мет Батл, професор на локален колеџ, вели дека никогаш не видел такво нешто.
Текстот Мистериозен огромен леден диск одненадеж се појавил во река во САД (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.