Астрономите открија радио сигнал чие потекло е тешко да се објасни. Една од теориите е дека доаѓа од нов вид ѕвезден систем, велат британските научници.
Меѓународен тим истражувачи откри радио сигнал што го емитува небесно тело одалечено околу 1.800 светлосни години од Земјата, во близина на соѕвездието Јужна Ара. Набљудувањето беше извршено со помош на телескопот Меркат, во пустината Каро во Јужна Африка.
Тимот на научници заклучи дека изворот на сигналот се совпаѓа со позицијата на вездата, наречена TIC 8332-2529-1. Оваа ѕвезда е релативно светла, па многу различни оптички телескопи ја забележале во минатото.
I’m really pumped today to share what I’ve been working on for the last year, the first new transient discovered with MeerKAT, MKT J170456.2-482100!!! 🥳🥳https://t.co/V8Y1ESCKiB
(A thread 1/11) pic.twitter.com/aoCbulNfe8— Laura (@AstroLauraD) November 20, 2019
Астрономите користеле податоци генерирани повеќе од 18 години набљудување на ѕвездата собрани од други оптички телескопи. Се верува дека ѕвездата е двапати поголема од Сонцето.
Анализата на оптичкиот спектар откри дека ѕвездата има магнетно поле и орбитира околу придружната ѕвезда на секој 21 ден.
Трагите на оваа придружна ѕвезда се многу нејасни, па научниците заклучија дека таа мора да биде многу послаба од џиновската везда. Сепак, тие откриле дека нејзината маса е веројатно барем 1,5 пати поголема од масата на Сонцето.
Сигналот се претпоставува дека потекнува од sвезден систем формиран од гигантска везда и нејзината придружна везда.
„Со оглед на тоа што својствата на системот не се вклопуваат во нашето сегашно знаење за бинарни sвезди, може да се претпостави дека е сосема нова класа“, рече Бен Стаперс, еден од авторите на студијата.
„Може да биде еден вид егзотичен систем што досега не сме го виделе, вклучително и огромна ѕвезда што орбитира околу неутронска ѕвезда или црна дупка“, вели истражувачот Лора Никол Драјзен.
Научниците исто така објавија дека ќе продолжат да го следат изворот на сигналот и гигантската ѕвезда во наредните четири години, за да ги потврдат нивните претпоставки.
Текстот Мистериозен сигнал открива нов вид ѕвезден систем (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.