Зелените глечери веќе станале дел од митологијата на Антарктикот. Уште во 18-тиот век научниците забележале необични зелени парчиња мраз на работ на светот.
Мистеријата со зелениот мраз ги мачи научниците повеќе од 200 години, а сега екипа од Универзитетот Вашингтон е на пат да ја реши мистеријата. Мразот најчесто е бел или синкаст, зависно од тоа како водата ги апсорбира другите бои од видливиот спектар.
Стивен Ворен има нова теорија според која зелената боја настанува од оксидот на железото кои сантите мраз ги бои смарагдно зелени. Ако таа теорија е точна, тогаш тоа е многу повеќе од решавање на мистеријата.
Antarctic researchers have cracked the 100-year-old riddle of why some icebergs are green! The team was led by Prof….
Posted by Australian Department of the Environment and Energy on Среда, 27 февруари 2019
Железото затворено во мразот можеби претставува клучниот чекор кој недостасува во ланецот на исхрана. Сантите доаѓаат до железото додека се формираат, а го собираат од дното на Антарктикот. Тогаш ледените санти носат железна прашина во океанот, каде со нив се хранат фитопланктони, микроскопски огранизми со кои се хранат јотивот, зоопланктони и медузи, и други подводни видови.
“Тоа е како носење на пакет во пошта. Сантата може да го однесе железото далеку во океанот, да се растопи и да се предаде на фитопланктоните кои го користат како нутриент. Секогаш мислевме дека зелените санти се само необична појава, но сега е извесно дека се многу важни”, вели Ворен. За него тоа патување започнало во 1998-ма година. Тогаш земал примерок од зелен глечер во близина на источен Антарктик.
“Кога се качивме на глечерот, тогаш не беше највпечатлива ни бојата, туку чистотата. Немаше балончиња, беше јасно дека тоа не е обичен глечер”, вели Ворен.
Фактот дека нема балончиња е многу необичен. Речиси секогаш постојат џепчиња со воздух, но глечерите кои настануваат со други процеси тоа го немаат, а имаат и потемна боја. Меѓутоа, тоа и натаму не го објаснува зеленилото. На почетокот мислел дека тоа можеби е растопен јаглен, но тој е жолт. А жолто и синото, на крајот на краиштата, даваат зелено. Меѓутоа, тестовите покажале дека во нив има исто јаглерод како и во секој друг просечен глечер.
Истражувањето кое во 2016-та го водела Лаура Херез Борегеро на Универзитетот Саутемптон, понудило решение. Нејзиното истражување покажало дека зелените глечери имаат 500 пати повеќе железо. Тоа сепак отворило нови прашања, од каде доаѓа тоа железо.
Сега се мисли дека тоа е глацијална кал, седимент пофин од песок, кој го разнесува водата. Тој е замрзнат ширум светот во глечери, но додатокот на железо е можеби онаа состојка во рецептот кој ледените санти на Антарктикот ги бои во зелено.
Текстот Мистериозен зелен мраз: Никој не знае како настануваат смарагдните глечери на Антарктикот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.