Мистериозна коцка исплива на Антарктикот, никој не знае дали е НЛО (ВИДЕО)

Google Earth веќе некое време открива интригантни објекти на различни делови на планетата, но најчесто необичните појави кои ги инспирираат теоретичарите на заговори се појавуваат на оддалечениот континент – Антарктик.

Овојпат, еден од корисниците на Google Earth наведе дека мапирал нешто што потсетува на џиновска зграда под ледот на Антарктикот. Тој како доказ за своето тврдење објавил и визуелен доказ на YouTube.

На објавената снимка во еден момент се забележува масивен квадратен објект кој се издигнува од мразот.

„Многу е голем, многу е симетричен. Изгледа како зграда иако би можело да станува збор за големо парче лед”.

Со објавата која собрала илјади лајкови биле објавени и различни мислења:

“Можно ли е да станува збор за огромен монолит од древната цивилизација?”, “Изгледа како шаторот да лебди над земјата, како да е летало. Дури има и сенка”.

Меѓутоа, скептиците се посклони кон мислењето дека структурата е само лед со необичен облик.

Извор: Kurir.rs

Текстот Мистериозна коцка исплива на Антарктикот, никој не знае дали е НЛО (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.