Во океаните на јужната хемисфера забележан е еден многу необичен феномен: помали водени вртлози, така поврзани што изгледаат како огромен вир чии делови се движат во спротивен правец.
На научниците одамна им е познато дека во океаните има водени вртлози, но неодамна беа откриени двојки што имаат многу необични карактеристики.
Се движат десет пати побрзо од вообичаените вртлози, поврзани се под вода во форма на латиничната буква U и може да „патуваат“ и по шест месеци.
Најчудно е што може да вшмукаат помали морски животни и да ги однесат многу далеку.
Научниците ќе спроведат дополнителни истражувања за да откријат како дошло до нивно формирање и зошто се однесуваат толку чудно.
„Стандардните вртлози што настануваат по турбулентни движења на водени струи имаат големо значење за опстанокот на морскиот свет. Тие ги подигнуваат хранливите материи што обично се наоѓаат на најдлабоките делови на океанот поблиску до површината и на тој начин ги распрскуваат насекаде“, вели Крис Хјуз, океанограф од Универзитетот на Ливерпул.
„Исто така, го поттикнуваат мешањето на топлата и ладната вода и благодарение на тоа се пренесува топлината од екваторот кон половите. Оваа појава не би била возможна без вртлозите.“
Извор: Popular Science
Текстот Мистериозна појава во океаните ги збуни научниците (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.