Радиобранови кои првпат беа забележани во 2002 година емитуваат брзи и високоенергетски пулсирања кои орбитираат во вселената. Научниците не знаат кога и зошто се појавиле, но веруваат дека знаат од каде доаѓаат.
Досега научниците имаат забележано многу мал број на вакви бранови, бидејќи нивната непостојаност и непредвидливост ги прават тешки за забележување. Но, овие бранови се различни, бидејќи сите доаѓаат од истото место.
Извештајот објавен неодамна во магазинот Nature е првиот кој нуди некакво објаснување на потеклото на овие радиобранови, кои тврди дека доаѓаат од непознат објект наречен само FBR 121102.
Со помош на телескопото Arecibo во Порторико и телескопот Green Bank во Западна Вирџинија, САД, интернационален тим на научници забележа и индентификуваше 16 појави на бранови од FBR 121102, објект кој е оддалечен три милијарди светлосни години од нашата планета.
Земајќи во предвид дека се работи за незамисливо огромна дистанца, што и да ги предизвикува овие бранови мора да испушта големи количини енергија со секое пулсирање. Според научниците, една милисекунда од FBR содржи енергија колку што нашето Сонце испушта за цел еден ден.
Без разлика дали се работи за неутронска ѕвезда или за црна дупка, изворот од кој доаѓаат брановите е густ, силен и магнетизиран објект кој веројатно не дозволува да има живот во неговата околина.
Извор: Nature
Текстот Мистериозни радиобранови доаѓаат на Земјата од неоткриените краеви на вселената е превземен од USB.mk.