Мистериозното летало, кое за движење користи соларна енергија, веќе 719 дена кружи околу Земјата, а која е неговата цел не е познато.
Леталото е познато како “X-37B”, а и припаѓа на американската војска. Ова е негова петта мисија наречена “Orbital test Vehicle”, меѓутоа, не се знае која е целта на оваа мисија.
Последната, петта мисија, го соборила рекордот на претходната, кога леталото кружело околу земјата 714 дена, 20 часа и 42 минути.
Американската војска не сака да прецизира за што станува збор. За мисијата зборуваат во воопштени термини. Се знае дека леталото X-37B е нешто како помала верзија на спејс шатлот на НАСА. Војската на САД има најмалку две летала на соларен погон, а ги изработила компанијата “Boeing”.
Не се знае кога леталото ќе се спушти на Земјата, но кога тоа ќе се случи, ќе продолжи да се движи на тркала. Според наводите на војската, основната цел е со помош на ова летало да се истражи вселената. Освен тоа, властите не соопштиле други детали.
Некои тврдат дека првобитно била конструирана да може да кружи околу Земјата 270 дена. Но, бројот на денови во текот на кои се движи значително се зголемил. Други детали за леталото “X-37B” не се познати, но сигурно дека ќе биде во центарот на вниманието на јавноста.
Извор: 100posto.hr
Текстот Мистериозно летало кружи околу Земјата веќе 719 дена (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.