Извршниот директор на компанијата Елон Маск често повторуваше дека ваквата услуга е „приоритет број еден“ за него и дека планира да ја овозможи во вториот квартал од годината
Сега, покрај тоа што се дијагностицираат, моделите на Tesla можат и да извршат дојава до службата за помош на пат пред автомобилот конечно да застане на патот поради дефект. Од своја страна, сопственикот на автомобилот има можност да го откаже повикот.
„Во вашиот Model 3 е откриен дефект во системот за претворање на енергијата. Резервниот дел е веќе порачан кај од вас избраниот сервисен центар. Ве молиме, искористете ја вашата Tesla мобилна или логирајте се на вашиот профил на Tesla, за да одредите датум за посета“, се вели во пораката.
И од самата компанија има официјална потврди за достапноста на оваа функција:
„Нашите автомобили можат да следат некои детали и системи, така да сопствениците веднаш ќе знаат дали има потреба од замена на одреден дел“.
Извор: Додај Гас
Текстот Моделите на Tesla почнаа самостојно да си вршат дијагностика е превземен од USB.mk.