Москва добива самовозечки трамваи (ВИДЕО)

Првите луѓе на Москва за 2021-2022 имаат големи планови – пуштање во промет на првите самовозечки трамваи.

Проектот е развиен во соработка со PC Transport Systems и Cognitive Technologies, а за разлика од „автомобилите без возач“, оваа технологија, во случај на трамваите, има значително помалку непознати додека возилото се движи по шините.

Првите самовозечки трамваи веќе се појавија во Германија, во Потсдам, а во овој момент водечки земји во оваа област се Германија, Русија и Кина.

Во следните неколку месеци, Русија ќе започне со тестирање на автономните трамваи, при што операторот ќе биде задолжен за надгледување на движењето на возилото. Првите тестови ќе се вршат во контролирано опкружување, а не во редовниот сообраќај, додека следната фаза предвидува возење на една од редовните линии во Москва.

Самовозечкиот трамвај ќе може да открие и да препознае други возила во сообраќајот, други трамваи, пешаци, светлосни сигнали, положба на вкрстувања на шините, како и други потенцијални пречки.

Текстот Москва добива самовозечки трамваи (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.