Реката Меконг се наоѓа во источна Камбоџа, а над неа неколку месеци во годината стои бамбусов мост, кој сепак не е многу стабилен. Мостот не се наоѓа на ова место во текот на целата година, туку само во летните месеци.
Поради сушата во текот на летото, веднаш штом се намали нивото на реката, локалното население започнува со изградба на мостот. Меѓутоа, кога ќе започне сезоната на дождови, локалните жители повторно се активираат и го уриваат мостот, поточно го демонтираат. Тие внимателно ги собираат трските една по друга и потоа ги користат за нешто друго. Ова се прави бидејќи реката во овој период се бранува и станува посилна, а бамбусот не е доволно силен за да ги издржи ваквите налети. Откако повторно ќе завладее суша, мостот се обновува и така секоја година.
Иако мостот не е од цврста градба, пешаците немаат проблем да го минуваат и по неколку пати дневно, а истото можат да го прават и лесни возила и помали автомобили.
Туристите обожаваат да претрчуваат преку мостот, иако тоа не е бесплатно. Локалните жители кои го користат секојдневно исто така плаќаат патарина, но сепак поевтина од туристите.
Бамбусовиот мост на реката Меконг стои со децении, но ова е можеби неговата последна година на оваа локација бидејќи на два километра подолу се гради мост од 800 метри кој може да издржи возила тешки и 30 тони.
Текстот Мост кој се гради и урива секоја година е превземен од USB.mk.