Мразот на Гренланд се топи многу побрзо отколку што претходно се мислеше, а веќе е можно да е дојдено и до точка на пресврт, сугерира ново научно истражување.
Според оваа студија, објавена во американското научно списание Proceedings of the National Academy of Sciences, стапката на топење на мразот на Гренланд денес е за четири пати повисока отколку во 2003 година, пренесува британски „Индипендент“.
Научниците кои го испитуваат глобалниот пораст на морското ниво го проучуваа југозападниот и северозападниот регион на Гренланд и утврдиле дека нејголемиот дел од стопениот мраз не е од глечерите во морето, туку е мраз од копното на Гренланд. Во текот на мерењето на промените во ледената маса се користеле податоци од НАСА и германскиот Grace, како и GPS станици на дел од гренландскиот брег.
„Што и да е ова, не може да се објасни со глечери бидејќи таму нема многу. Тоа мора да е површинска маса – мразот се топел од внатрешноста кон брегот. Ова е затоа што атмосферата во просек е потопла. Површинската температура расте, а плитката вода станува потопла“, објаснил главниот автор на студијата Мајкл Бевис.
Текстот Мразот на Гренланд се топи четири пати побрзо отколку пред 15 години (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.