Мумијата „Персиска принцеза“ која беше стара само пет години

Во 2000 година, Пакистан, Иран и Авганистан тргнаа во борба за сопственост на, како што се веруваше, мумифицирани остатоци на 2600-годишна персиска принцеза. Мумијата беше пронајдена од полицијата за време на рацијата на поглаварски дом на Балучистан во Каран, Пакистан и требаше да се продаде на црниот пазар.

Кога била откриена, главата на мумијата била украсена со златна круна и во ковчегот имало златни украси, што навистина дали впечаток дека е пронајдено археолошко чудо. Сепак, не сите беа убедени дека мумијата е вистинска.

Професорот Ахмад Дани, директор на Институтот за азиски цивилизации во Исламабад, уште од почетокот знаел дека мумијата не е толку стара како што се преставува во јавноста, за да и се крене цената. Тој уште при првата опсервација на мумијата видел дека со неа нешто не е во ред. Набргу по деталното проучување на остатоците, било откриено дека телото не е старо 26.600 години, и мумијата ни оддалеку не е персиска принцеза.

Ковчегот во кој почивала и остатоците, како материјалите во кои била облечена со дополнителни анализи покажале дека станува збор за старост од само 5 години. Одеднаш персиската мумија излезе дека е тело на 21- годишна жртва на убиство. Вратот, вилицата и грбот и биле скршени. Конечно, со помош на тестирање било потврдено дека жртвата починала во 1996 година. „Мумијата“ била погребана во 2005 година без жртвата некогаш да биде идентификувана.

Текстот Мумијата „Персиска принцеза“ која беше стара само пет години е превземен од USB.mk.