Музеј за роботика ќе го градат роботи

Melike Altınışık Architects ги претстави плановите за изградба на музеј за роботка во Сеул, кој патем ќе се гради со помош на техники на роботски конструкции и беспилотни летала. Роботите ќе бидат искористени за изградба на заоблената метална фасада на зградата во главниот град на Јужна Кореја , која треба да биде место за едукација на јавноста за роботите.

Делови од конструкцијата ќе бидат обликувани, заварени, собрани и полирани од роботи. Роботите, исто така, ќе се користат и за 3D-печатење на конкретни пејзажи околу музејот. Беспилотните летала ќе се користат за мапирање, контрола на локации и за контрола на роботски градежни возила.

Со вклучување на роботите во изградбата на сферичната структура Melike Altınışık Architects (МАА) планира да го демонстрира потенцијалот на роботиката пред да се отвори музејот.

Текстот Музеј за роботика ќе го градат роботи е превземен од USB.mk.