Во моментот кога НАСА била подготвена да испрати ровер во потрага по живот на Марс, експертот за инсекти од Универзитето во Охајо тврди дека веќе открил докази за “суштествата“ кои живеат на Црвената планета.
Д-р Вилијам С. Ромосер, кој 45 години ги проучува инсектите повеќе години ги анализира снимките на НАСА од Марс и тврди дека на нив гледа многу примери на облик на живот кои се слични на инсектите.
Некои од тие примероци како да се свртиле кон камерата.
„На Марс имало живот и сè уште го има“ – вели Ромосер, професорот за медицинска етимологија на Универзитетот во Охајо, истакнувајќи дека на снимките се гледаат и фосили и живи суштества.
Професорот користел база податоци од лабораторитаја на НАСА, односно фотографии собирани во текот на многу години од различни мисии на Марс. Поголемиот дел од тие фотографии ги има направено роверот „Кјуриосити“.
Ромосер ги истражувал “драматичните издвојувања и опкружувања, јасноста на обликот, симетријата на телото, членковидоста и тој тврди дека облиците се повторуваат.
Ја анализирал и положбата, доказите за движење, лет, интеракција на која укажува релативната положба, а очите ги поврзал со присуството на живот.
„Откако беше идентификувана описна и јасна слика на дадениот облик, таа беше корисна во препознавање на помалку јансите, но не и помалку важни фотографии од истиот основен облик“ – вели Ромосер и додава дека “егзоскелетите се членковидни продолжетоци доволни за обликот на живот да се идентификува.
„Три делови на телото, пар антени и шест нозе вообичаено се доволни за да се идентификува “инсект“ на Земјата. Истите карактеристики треба да бидат доволни за организмите на Марс да се идентификуваат како инсекти“ – вели Ромосер.
На многу од фотографиите исто така забележано е и специфично однесување кое е карактеристично за летањето, а суштествата потсетуваат на бумбари или пчели видови какви што постојат и на Земјата.
Извор: Blic.rs
Текстот На Црвената планета живеат суштества слични на инсектите е превземен од USB.mk.