Во Јадранот, од италијанската страна, во близина на градот Монополи, неодамна бил откриен голем корален гребен кој се протега на два и пол километри.
Сепак, тој нема боја каква што имаат гребените во тропските мориња кај Малдивите или Австралија, затоа што станува збор за корален гребен кој се наоѓа на длабочина од 35 до 50 метри, до кој продира малку сончева светлина.
Таквите мезофотични корали, кои можат да преживеат на длабочина до 200 метри, се многу ретки.
Италијанските научници се воодушевени од откритието бидејќи тоа е првата позната група на корали пронајдена покрај италијанскиот брег, која може да се нарече гребен. Своите откритија ги документирале во истражувањето објавено во списанието “Scietific Reports”.
“Во раните 1990-ти години работев со морски биолози на Малдивите, но никогаш не очекував дека 30 години подоцна ќе откријам гребен во близина на мојот дом”, рекол лидерот на истражувањето Џузепе Кареиро, од Универзитетот Алдо Моро во Бари.
Повеќето корални гребени во светот се помлади од 10.000 години. Сите заедно покриваат помалку од 0,1 процент од океанската површина, меѓутоа, на нив живеат повеќе од 25 проценти од сите морски видови, меѓу останатото, риби и сунѓери.
Климатските промени последните години загрозуваат бројни гребени, посебно оние во плитките води. Тие во главно не се навикнати на такви нагли промени, бавно закрепнуваат и ретко успеваат да фатат чекор со глобалното затоплување.
Пред повеќе до 10.000 години, коралите биле многу честа појава во Медитеранот, но со времето изумреле.
Текстот На Јадранот откриен првиот голем корален гребен (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.