Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, ќе се случи вечерва.
Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три дена оддалечена од перигејот – точката во месечевата орбита кога таа е најблиску до Земјата.
„Розовата Месечина” го добила називот не по својата боја, туку по розовиот див цвет флокс кој цвета во рана пролет, а името ѝ го дале домородните Американци.
Месечевиот диск, сепак, може да добие црвеникави и портокалови нијанси.
Следната полна Месечина ќе биде „цветниот Месец” на 18 мај.
Текстот На небото вечер ќе има „розова Месечина“ е превземен од USB.mk.