Научници открија фосил од папагал кој пред 19 милиони години живеел на денешен Нов Зеланд и достигал височина од еден метар.
Поради неговата величина, палеонтолозите ова праисториско суштество го нарекле „хераклес инекспектатус“, во чест на древниот митолошки херој Херкул (Херакле).
– Нов Зеланд е надалеку познат по огромните птици – од видот моа, гуски, орли. Но, досега никој не открил олку голем папагал, изјави проф. Тревор Ворти од Флиндерс универзитетот во Сиднеј, Австралија.
Тежината на птицата се проценува дека била околу седум килограми. Имала долг клун и се претпоставува дека била месојадец.
Текстот На Нов Зеланд откриен фосил од праисториски папагал висок еден метар е превземен од USB.mk.