Американските геолози од Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави пронајдоа карпи на островот Ндзуани во Индискиот Океан, кои останале на него од античкиот суперконтинент Гондвана.
Научниците биле изненадени од кварцот пронајден во карпите, кои не можеле да се појават на острови од вулканско потекло слични на Ндзуан, каде карпите треба да се состојат целосно од базалт.
Присуството на кварц на островот беше потврдено за време на научната експедиција во 2018 година. Истражувачите сугерираат дека пред околу 150 милиони години на островот дошло парче од античкиот суперконтинентГондвана, кој се поделил на сега веќе добро познатите шест помали континенти. Ова е потврдено и со откривање на кварцот во најниските слоеви на почвата на островот.
Експертите веруваат дека дел од Гондвана се приклучил кон островот во исто време кога биле формирани индискиот потконтинент и островот Мадагаскар. Веројатно дел од земјата би можела да се отцепи од Африка или Мадагаскар пред околу четири милиони години, кога лавата избила од вулкан и го покрила “фрагментот” на континентот и истовремено формирала нов остров.
Текстот На остров во Индискиот океан пронајден дел од Гондвана е превземен од USB.mk.