Најдалечната фотографија некогаш направена пристигна од леталото New Horizon

Леталото Њу Хорајзн ја има својата следна дестинација на повидок.

Вселенското летало, кое го посети Плутон во 2015 година, на 16ти Август ги направи првите фотографии на далечниот леден свет наречен Ultima Thule, потврдувајќи дека е на вистинскиот пат за да го посети на 1 јануари.

Одалечени околу 160 милиони километри, приближно исто растојание од Земјата е од сонцето, малиот свет се појавува како незначителна точка во камерата на сондата.

Сликите поставија нов рекорд: На околу 6 милијарди километри од Земјата, тие се најоддалечените слики некогаш направени.

Со децении таа чест му припаѓаше на вселенскиот брод “Војаџер 1”, кој во 1990 година направи слики од Земјата и од нашите соседни планети од речиси иста далечина.

Официјално наречен 2014 MU69, Ultima Thule е дел од појасот Кујпери, материјал останат од формирањето на планетите пред 4,6 милијарди години.

Со испраќање на подетални слики и дознавање на хемискиот состав на површината на Ултима, истражувачите се надеваат дека ќе одговорат прашања за потеклото на нашиот сончев систем.

 

Текстот Најдалечната фотографија некогаш направена пристигна од леталото New Horizon е превземен од USB.mk.