Откриен во 2017 година покрај источниот брег на Јапонија, морскиот полихетски црв Leocratides kimuraorum ги изненади научниците со својата гласност. Морското животно долго само околу три сантиметри е способно да репродуцира звуци и до 157 децибели.
Овие црви живеат главно на длабочина од 85-170 метри и обично ги колонизираат сунѓерите од класата Hexactinellida. Покрај тоа, во еден таков “стан” може да има неколку слични индивидуи одеднаш, меѓутоа, каква е нивната интеракција едни со други, научниците досега не успеале да утврдат.
За време на истражувањето беше откриено дека ако двајца претставници на овие животни бидат рамо до рамо, тие веднаш се вртат еден кон друг и испуштаат гласни звуци.
Вреди да се напомене дека Leocratides kimuraorum станаа првите животни познати во науката, кои се способни да направат такви гласни звуци иако немаат цврсти делови на телото.
Текстот Најгласно суштество во океаните е мал црв долг три сантиметри е превземен од USB.mk.