Најголемата приватна јахта Валкира (Valkyrie) на дизајнерот Чулхун Парк ќе биде најголемата јахта на светот. Таа ќе биде долга неверојатни 229 метри – или едноставно кажано колку две фудбалски игралишта или 24 автобуси паркирани еден до друг.
Целиот проект ,,Валкира” или изградбата на најголемата супер-јахта во светот ќе изнесува 680 милиони евра и ќе го надмине сегашниот рекорд на ,,Азам”! Супер-јахтата ,,Азам” е во сопственост од страна на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Калифа бин Зајед ал Нахјан и има импресивна должина од 180 метри.
Проектот е дело на 36-годишниот јужнокорејски дизајнер, Чулхун Парк, кој работел осум месеци со дизајнерот на јахтата Палмер Џонсон. Таа ќе биде направена од алуминиум и специјална структура на јаглеродни влакна.
Како дизајнер вели дека многу јахти се обоени во бело, па изгледаат како ,,бели торти кои ледбат над водаат”, поради што тој се одлучил на сосема поинаков дизајн.
,,Се обидов да го сменам надворешниот изглед на структурата и да создадам форми кои не се праволиниски. Поради тоа изгледа дека деловите се изместени и искривени”, објаснува авторот на проектот.
Овој пловечки ,,морски гигант” може да превезува 52 гости и до 92 членови на екипажот, вклувајќи и една цела палубата само за сопствениците. Супер-јахтата ќе има и кино, театар, ресторан и уметнички галерии.
Текстот Најголемата јахта на светот ќе биде колку две фудбалски игралишта (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.