Најголемиот авион со прв комерцијален лет во 2020. година

Најголемиот авион во светот, популарниот Airlander 10 ќе влезе во систем на производство. Моделот дизајниран да пренесе голем број на патници, ќе влезе во сериско производство откако и официјално успешно ги мина финалните тестови.

Компанијата Hybrid Air Vehicles (HAV) добила одобрение од Организацијата за производство на летала за цивилно воздухопловство, по што наскоро се очекуваат и првите нарачки на моделот.

Airlander 10 во 2017 година имаше несреќен лет, по што прототипот се урна и буквално распадна. Сепак, последните промени донесоа резултат.

Во ноември оваа година беше завршен шестиот успешен тест лет, што беше доволно да се добие дозволата за производство.

Надежите на компанијата се дека целосниот комерцијален модел ќе стигне на небото со своите први патници “на почетокот на 2020 година”.

Текстот Најголемиот авион со прв комерцијален лет во 2020. година е превземен од USB.mk.