Најголемиот кран на светот е пуштен во работа во британска нуклеарна централа.
Биг Карл, како што го нарекоа кранот, е од големо значење за изградбата на првата нуклеарна централа во земјата од 1995 година. Биле потребни три месеци за да се состави кранот, а сега ќе подига 700 најтешки делови на првата нуклеарна централа во Велика Британија.
‘Big Carl’ at Hinkley Point (Worlds largest Crane) – wow #bigcarl pic.twitter.com/KQgeQguuhS
— Leigh Hammond CG (@HammondCg) September 12, 2019
Машината е именувана по извршниот директор на холандската компанија Sarens NV. Може да подигне дури 5.000 тони или иста тежина како 1.600 автомобили.
Биг Карл е висок 250 метри, го ставаат во работа 12 мотори, може да подигне 5.000 тони во радиус од 40 метри, се движи со 96 одделни тркала.
Текстот Најголемиот кран на светот може да подигне дури 1.600 автомобили е превземен од USB.mk.