Најмалиот компјутер на светот стана моќно смртоносно оружје (ВИДЕО)

Еден од најмалите, целосно функционални компјутери во светот – Raspberry Pi, од своето појавување, служи како основа за различни модификации и нови DIY проекти.

Но, ако досега ниту една модификација на „малината“ не била смртоносна, тогаш оваа е прва.

Тимот, наречен Мерт Ардуино, на сајтот Hackster.io објави проект „направете го тоа сами“, во кој Raspberry Pi послужи за создавање на автономен пиштол опремен со детектор на движење.

Пиштолот го користи Raspberry Pi 3 Model B +, Stepper Motor HAT (додаток за монтирање на мотори кои го покренуваат), релеен модул и камера Raspberry Pi. Мерт Ардуино изјави дека на понапредните Raspberry Piна ентузијасти им требаат околу четири часа за да го направат ова оружје.

Ова автоматско „митралеско гнездо“ го открива движењето и започнува да пука веднаш штом ќе ја забележи целта.

Мерт Ардуино не го поврза Raspberry Pi со вистинско оружје, туку со ласерски покажувач за да ја демонстрира неговата функционалност без можност некој да биде повреден.

Сличен систем, во кој е вградено вистинско автоматско оружје, кој ги детектира движењата на сè што се движи пред него, го користи Јужна Кореја на границата со својот северен сосед.

Не е познато дали со него управува Raspberry Pi…

 

 

 

Текстот Најмалиот компјутер на светот стана моќно смртоносно оружје (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.