Универзалните нуклеарни мразокршачи ЛК-60Я со моќност од 60 мегавати ќе бидат најголеми и најмоќни на светот. Тие се потребни за да Русија си обезбеди лидерство на Арктикот.
Најмоќниот мразокршач на светот, рускиот нуклеарен мразокршач „Арктик”, ги почна пловните испитувања, објави во четвртокот на својот на својот официјален профил на „Твитер“ државната корпорација „Росатом”.
„Нуклеарниот мразокршач од новата генерација „Арктик“ ги почна пловните испитувања”, пишува руската државна корпорација.
За време на испитувањата се проверува дали параметрите на пловидбата одговараат на предвидените карактеристики, како што е сигурноста на функционирањето на опремата и бродските системите, додаваат РИА „Новости“.
Водечкиот универзален нуклеарен мразокршач ЛК-60Я „Арктик” од проектот 22220 е произведен врз основа на нарачка од Државната корпорација „Росатом“ во „Балтичкиот завод“ во Петербург. Почетокот на експлоатација на мразокршачот е планиран за 2020 година.
Во „Балтичкиот завод” е во тек изградба на два сериски нуклеарни мразокршачи од проектот 22220 „Сибир“ и „Урал“. Во август годинава „Росатом“ и „Балтичкиот завод“ потпишаа договор за изградба на уште два сериски нуклеарни мразокршачи од овој проект.
Должината на бродот е 173,3 метри, ширината 34 метри, депласманот 33,5 илјади тони. Овие мразокршачи ќе можат да спроведуваат каравани бродови во арктички услови, пробивајќи мраз со дебелина до три метри. Тие ќе можат да им обезбедат премин на бродовите со фосилно гориво од наоѓалиштата на полуостровот Јамалскиот и Гиданскиот полуостров и од крајбрежниот појас на Карското море до пазарите на земјите од Азиско-Тихоокеанскиот регион.
Извор: Russia Beyond
Текстот Најмоќниот мразокршач на светот „Арктик” ги почна пловните тестирања (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.