Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се проценува дека би можел да постигне рекордна цена меѓу 30 и 50 милиони американски долари, соопшти аукциската куќа „Кристис“.
Дијамантот со правоаголна форма „Пинк легаси“ од 18,96 карати е оценет со највисока оцена за боја на дијамант и е најголем таков дијамант кој „Кристис“ некогаш го има понудено на аукција.
Некогаш бил дел од збирката на Опенхајер, семејство кое ја претвори компанијата „De Beers“ во најголем светски трговец со дијаманти.
„Неговото исклучително потекло недвосмислено ќе го крене во највисоката класа како еден од најголемите светски дијаманти“, рекол Рахул Кадакиа од аукциската куќа.
Само четири дијаманти со интензивна розова боја од преку 10 карати досега биле понудени на продажба на аукција.
„Пинк легаси“ ќе биде изложен во Хонг Конг, Лондон и Њујорк пред да биде понуден на аукција на 13 ноември кога ќе го добие својот сопственик.
Текстот Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари е превземен од USB.mk.