Физичарот Професор Томас Шкимел заедно со неговиот тим го направија најмалиот транзистор на светот, со големина од еден атом.
Оваа компонента за електронските уреди ја менува електричната насока со контролирано променување на позицијата на еден атом.
Овој атомски транзистор може да работи на собна температура и користи многу малку енергија, ова отвара сосема нови можности во информатичката технологија.
Моментално во еден USB диск содржи неколку билиони транзистори, но во иднина со атомскиот транзистор ова може да се зголеми за 10,000 пати, а на крајот пак да троши многу помалку енергија.
Текстот Направен е транзистор со големина од еден атом е превземен од USB.mk.