Напредува проектот на Easy Jet за воведување електрични авиони

Британската нискобуџетна авиокомпанија Easy Jet објави дека нивниот план за воведување електрични авиони на некои рути од 2027 година напредува добро.

Нивниот партнер во овој проект почнал нова етапа во развојот на моторот, велат од компaнијата.

Easy Jet претходно објави дека во партнерство со американската иновативна компанија Wright Electric планира да воведе, до 2027 година, употреба на еколошки електрични авиони кои произведуваат помал шум.

По успешниот проект на авион со две седишта, во компанијата Wright Electric сега се работи на електричен мотор за авион со девет седишта, кој според нивните проценки ќе биде пуштен во употреба следната година.

Овие проекти му даваат надеж на британскиот авиопревозник за авиони со електрични мотори за во иднина. Во Easy Jet планираат да воведат електрични авиони на рути во должина од околу 500 километри во рок од десет години, што значи дека тие би можеле да ги користат на рутата од Лондон до Амстердам и обратно. Оваа рута е втора по ред најфреквентна во Европа.

Текстот Напредува проектот на Easy Jet за воведување електрични авиони е превземен од USB.mk.