Мноштво податоци кои се резултат на блиската средба на сондата на НАСА со Сонцето на научниците им дава единствен увид во Сончевиот ветер и времето во вселената додека леталото поминува низ најоддалечените делови на атмосферата.
Откритието кое нуди нови сознанија за тоа како Сонцето влијае на времето во вселената го менува сознанието на астрономите за разорниот Сончев ветер кој може да штети на сателитите и електрониката на Земјата.
„Секако дек се надевавме дека со приближување на Сонцето ќе воочиме нови феномени и нови процеси и секако дека тоа и се случи“ – вели Никола Фокс од одделението за хелиофизика на американската вселенска агенција.
„Новите информации кои ги добивме, воглавно го потврдија она што го очекувавме, но некои од нив беа целосно неочекувани“.
LIVE NOW: @NASASun experts reveal the first research results from our #ParkerSolarProbe mission. Hear about the findings that are changing our understanding of the Sun and other stars:
LISTEN: https://t.co/ZuxLDtRxxM pic.twitter.com/3R38fzyQC9
— NASA (@NASA) December 4, 2019
Земјата е околу 149.6 милиони километри оддалечена од Сонцето. Сондата се приближила до Сонцето на околу 24 милиони километри за да собере податоци користен во научните трудови објавени во списанието “Nature“.
„Дури и со тие први податоци бевме шокирани колку короната е поразлична набљудувана одблиску“ – вели Џастин Каспер, истражувач од универзитето во Мичиген.
On its mission to “touch” the Sun, our #ParkerSolarProbe will help us solve mysteries about our closest star. Join our @NASASun experts on @Reddit to ask questions about the first results from instruments on the probe.
Thursday, Dec. 5
2pm ET
https://t.co/8U1bYKewXw pic.twitter.com/cVIARmObDG— NASA (@NASA) December 4, 2019
Сондата се приближила на околу шест милиони километри од површината на Сонцето, седум пати поблиску од било кое друго летало. Сондата преживеала екстремна топлина.
LIVE NOW: What mysteries about our star is #ParkerSolarProbe uncovering as it journeys closer to the Sun than any human-made object ever before? Join our @NASASun experts on #NASAScience Live as they discuss new findings & ask questions using #askNASA. https://t.co/hAaF7Vvap0
— NASA (@NASA) December 4, 2019
„Ги откривме тие дискретни, моќни бранови кои поминуваа низ леталото како дивите океански бранови“ – вели Џастин Каспер, главниот истражувач чиј тим на универзитетот во Мичиген изработил инструмент за сонди за мерењето на соларните ветрови.
„Тие пренесуваат огромна количина енергија. Тоа драматично ќе ја промени нашата теорија за тоа како короната и соларниот ветер се загреваат“ – вели Каспер.
Извор: Srbija Danas
Текстот НАСА доби неверојатни податоци за Сонцето! (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.