НАСА формираше нов истражувачки тим кој ќе биде одговорен за пронаоѓање живот надвор од Земјата, и ќе се обиде да најде конкретни одговори за тоа како започнал животот на Земјата и дали тој би можел да постои и на некое друго место, пишува New York Post.
“Центарот за наука на откривање живот“ (CLDS) ќе биде дел од истражувачкиот центар на НАСА “Амес“ во Маунтин Вју, Калифорнија, и ќе вклучува “нов конзорциум на истражувачи“ од и надвор од НАСА со експертизи во физиката, биологијата, астрофизиката и пошироко, се наведува во соопштението.
“Барањето на живот надвор од Земјата не може да се изведе само со еден пристап… за да ги имаме најдобрите шанси за успех, треба да развиеме алатки и стратегии кои се прилагодени за откривање на животот во уникатни услови на други светови, кои се многу различни не само од Земјата, туку и едни од други“, вели Тори Холер, главен истражувач на CLDS и истражувач во “Амес“.
“Сега имаме научна и инженерска експертиза за решавање на ова длабоко прашање (дали сме сами?). Со јасни научни докази, сега имаме и голема заедница на научници подготвени за овој голем предизвик“, порачува Холер.
Текстот НАСА формираше нов тим одговорен за пронаѓање вонземјани е превземен од USB.mk.