NASA ги објави најдобрите три дизајни за домови на Марс

NASA презеде уште еден чекор за да го направи меѓупланетарното живеење реалност избирајќи тројца финалисти за најдобар дизајн за домови на Марс. Предизвикот наречен 3D-Printed Habitat почна во 2015 година, и задолжението беше да се дизајнираат засолништа погодни за живот на Месечината, Марс и пошироко.

За четвртото ниво на третата фаза од натпреварот, 11 тима беа замолени да создадат преглед на своите дизајни во целосна големина користејќи софтвер за моделирање и кратки видеа со објаснување на нивниот избор. Секој модел беше оценет од архитектонски аспект и естетика, како и за изводливоста на нивната конструкција и приспособливост.

Тимот SEArch + Apis Cor од Њујорк го освои првото место со нивната уникатна извртена структура, која има мали дупки за да пропушти природна светлина.

Тимот на Zoperhous го освои второто место, а Mars Incubator – група инженери и уметници, покажа модуларен дизајн кој се состои од четири простории, вклучувајќи и една за одгледување растенија, со што го освои третото место. Трите тима поделија награда од 100.000 долари. Во следниот круг финалистите ќе се натреваруваат да освојат награда од 800.000 долари.

Конкурсот е само дел од последните случувања во мисијата на НАСА за да испрати луѓе на Месечината и на Марс.

Текстот NASA ги објави најдобрите три дизајни за домови на Марс е превземен од USB.mk.