NASA го истражува кратерот Језеро на Марс

Американската вселенска агенција НАСА го претстави роверот Марс 2020 кој ќе биде лансиран во јули, а главна дестинација е исушено корито на Црвената планета

Роверот е со големина на автомобил, има шест тркала, а ќе го истражува кратерот Језеро (името го доби по општина во БиХ), со големина на Менхетен, каде и би требало да слета во февруари 2021 година.

Се верува дека кратерот содржи голема количина седименти стари 3,5 милијарди години за кои научниците се надеваат дека би можеле да содржат фосили од животот на Црвената планета. Роверот ќе собере 30 примероци од површината кои ќе бидат вратени на Земјата со идното летало на Марс.

Примероците би можеле да пристигнат во 2026 година. Роверот ќе понесе опрема која може јаглерод диоксидот да го претвори во кислород.

Во февруари НАСА ќе го испрати роверот во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, каде ќе биде составен.

Името на роверот официјално ќе биде избрано во почетокот на идната година. Мисијата на Марс ќе биде клучна за идните човечки мисии, ако биде успешна овој ровер ќе биде петтата мисија на НАСА на таа планета.

Извор: B92.net

Текстот NASA го истражува кратерот Језеро на Марс е превземен од USB.mk.