Телескопот што NASA го лансираше пред неколку месеци неодамна се најде меѓу Земјата и Месечината и почна да скенира 85% од ноќното небо, барајќи планети слични на нашата, пишува Business Insider.
Со помош на ракетата Falcon 9 на SpaceX телескопот TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) на NASA беше успешно лансиран на 18 април, а се очекува со негова помош да бидат откриени околу 50 планети слични на Земјата. Во наредните две години овој телескоп ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди и потенцијално ќе открие илјадници нови планети оддалечени и по 200 светлосни години од Земјата.
„Дали знаете дека има повеќе планети од ѕвезди во нашиот универзум? Се радувам на чудните, фантастични светови што ќе ги откриеме“, вели Пол Херц од NASA.
Овој телескоп да ги пронајде првите кандидати слични на Земјата кои се наоѓаат надвор од Сончевиот систем. На многу начини TESS е продолжение на вселенскиот телескоп Kepler, лансиран во 2009 година. За две години овој телескоп откри 4.000 планети, од кои 50 се слични на Земјата. Но, амбициите за TESS се поголеми и според NASA , телескопот ќе открие илјадници планети.
Во март 2021 година NASA треба да го лансира најголемиот телескоп во светот, кој ќе работи на температури од минус 233 степени Целзиусови, а чија задача исто така ќе биде да пронајде знаци на живот во вселената.
Текстот NASA го почна досега најголемиот „лов“ на вонземјани (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.