Специјалистите на NASA кои работат на програмата за истражување на Марс стануваат се понервозни. Веќе трет месец познатиот ровер Curiosity не е во функција и не реагира на командите од Земјата. Причина, затоа што неговите соларни ќелии се полни со прашина од силната бура која ја зафати Црвената планета.
Таквите бури на Марс се случуваат доста често и обично се јавуваат кога летото доаѓа на јужната хемисфера на планетата. И покрај фактот што тие се непредвидливи и остри, најчесто се локални по природа и траат неколку недели. Меѓутоа, од време на време бурите од прашина стануваат феномен кој ретко се забележува и трае со месеци.
Како што објавија специјалистите на NASA, поради фактот што бурата предизвика наноси на огромна количина прашина во атмосферата, на планетата имаше “темна, бескрајна ноќ”, поради што роверот го изгуби својот главен извор на енергија – електрична енергија произведена од неговите соларни панели. Поради ова, истиот автоматски влезе во режим за заштеда на енергија и ќе остане во него се додека не се вратат сончевите зраци.
„Загрижени сме, но се надеваме дека бурата ќе се расчисти и роверот ќе почне да нè контактира”, вели Џон Калас, шеф на мисијата.
Покрај недостатокот на комуникација и неработењето, постои уште еден проблем – роверот можеби нема доволно енергија за да ги загрее батериите, кои се загрозени од смрзнување во студена атмосфера на Марс. Научниците се надеваат дека доаѓањето на летото на Марс тоа нема да го дозволи, но во NASA загриженоста расте од ден наден, затоа што од Curiosity нема ни трага ни глас
Текстот NASA го загуби роверот на Марс е превземен од USB.mk.