Новата соларна сонда на Американската вселенска агенција NASA, наречена Parker Solar Probe, успешно е лансирана кон Сонцето.
Иако вчера поради технички проблеми беше одложено патувањето на вселенското летало на NASA, денеска сепак е лансирано во Вселената од Вселенскиот центар Џон Ф. Кенеди во Кејп Канаверал.
Ова е прва вселенска сонда која го добила името во се уште живо лице, 91-годишниот соларен физичар Еуген Паркер.
“Одиме! Подготвени сме за учење во наредните години”, извика Паркер додека го гледаше лансирањето на сондата.
We have confirmation that the #ParkerSolarProbe solar panels have been deployed. pic.twitter.com/c0n2FfaVKH
— NASA_LSP (@NASA_LSP) August 12, 2018
Соларната сонда „Паркер“ е лансирана на ракетата Delta-IV денеска околу 3.31 часот по локално време.
Да потсетиме, оваа сонда би требало да биде првото вселенско летало кое ќе му пријде на Сонцето седум пати поблиску отколку било кое друго летало досега.
СО оваа мисија на NASA би можела да се реши мистеријата за Сонцето и неговата атмосфера која повеќе од половина век е предмет на изучување на научниците ширум светот.
Текстот NASA ја лансираше сондата „Паркер“ во мисија да го „допре“ Сонцето (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.