NASA ја потврди мисијата на месечината на Јупитер, Европа

Американската вселенска администрација официјално потврди дека работи на мисија за реализирање на испраќањето на сонда на месечината Европа, кое планира да го направи до 2023 година.

NASA веќе со години наназад зборува за праќање сонда на јупитеровата месечина, но тек сега ги потврди своите планови. Мисијата е наречена Europa Clipper и треба да потврди дали условите на месечината Европа можат да поддржат живот како што се претпоставува.

Во администрацијата работат со темпо кое треба да им овозможи лансирање на сонда во 2023 година, додолку биде сѐ оди по планот.

Месечината Европа на планетата Јупитер е досега најголемиот потенцијален кандидат за живот во нашиот Сончев Систем, покрај Земјата. Европа има кора прекриена со мраз, а досега научните октрија докази и за постоење на морска сол.

Доколку под површината навистина се наоѓа океан како што се претпоставува, тогаш NASA би можела да открие докази за постоење на живот макар тоа биле само остатоци од некое дамнешно време.

Извор: Klix.ba

Текстот NASA ја потврди мисијата на месечината на Јупитер, Европа е превземен од USB.mk.