По спуштањето на роботот на Марс и испраќањето сонди на другите планети, NASA е подготвена да го лансира вселенскиот брод до ѕвездата со која сите живееме – Сонцето.
Соларната сонда Паркер ќе биде лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал в сабота. Тоа ќе биде почеток на мисијата за решавање на загатките што ги мачат астрофизичарите веќе 60 години.
Паркер ќе биде првото летало што ќе ја досегне сончевата атмосфера. На површината на Сонцето ќе ѝпријде на 6,1 милион километри, седум пати поблизу отколку што се приближило кое било друго летало.
Сондата прво ќе се движи кон Венера, втората најблиска планета до Сонцето, и ќе ја искористи нејзината гравитација за да се доближи до најсјајната ѕвезда на нашиот систем.
Паркер, летало тешко 700 килограми, ќе се движи со брзина од 200 километри во секунда.
TOMORROW: Join us live at 1 p.m. EDT on Aug. 9 for a pre-launch briefing about Parker #SolarProbe! You'll hear from scientists, mission experts & launch team members. We'll also answer #askNASA questions.
Watch at https://t.co/U8T7pZaI5r or on Facebook: https://t.co/uKOZIl39CF pic.twitter.com/2QTv67BNem
— NASA Sun & Space (@NASASun) August 8, 2018
Текстот NASA ќе испрати сонда најблиску до Сонцето досега е превземен од USB.mk.