Првпат во историјата, само женски екипаж ќе замине во вселената на прошетка до Меѓународната вселенска станица, потврди НАСА, пренесува Си-ен-ен.
Како дел од експедицијата 59, астронаутитe на НАСА, Ен Меклајн и Кристина Коч, ќе ја изведат прошетката на 29 март. Ќе бидат поддржани од земја од страна на контролорот за летање Кристен Фачио од канадската вселенска агенција, која ќе биде на конзолата во вселенскиот центар на НАСА, „Џонсон“, во Хјустон.
„Токму што дознав дека ќе бидам на конзола за давање поддршка за првата женска вселенска прошетка и не можам да ја скријам возбудата“, напиша Фачио на „Твитер“.
„Како што моментно е предвидено, на 29 март ќе биде првата вселенска прошетка само на жени“, изјавила портпаролката на НАСА, Стефани Широлц.
Текстот НАСА ќе прати само женски екипаж во вселената е превземен од USB.mk.