NASA лоцираше езера на месечината на Сатурн

Последните наоди од мисијата на Nasa, Cassini , фрлија светлина врз бизарниот “циклус на вода” на најголемата месечина на Сатурн.

Единственото познато планетарно тело кое има стабилна течност на својата површина (секако како и Земјата), северната хемисфера на Титан може да се пофали со “изненадувачки длабоки” течни езера, кои се протегаат повеќе од 300 метри под површината.

Меѓутоа, новите податоци покажуваат дека овие блескави базени не се полни со вода, туку со метан и етан (кои се однесуваат како гасови на Земјата, а како течности на смрзнатата месечина на Сатурн).

Научниците отсекогаш биле свесни за многу поголеми северни мориња исполнети со јаглеводороди. Сепак, наоѓањето на помали северни езера полни со метан, беше изненадување и за научниците на NASA.

Текстот NASA лоцираше езера на месечината на Сатурн е превземен од USB.mk.