Речиси илјада астероиди се доволни за да предизвикаат глобална катастрофа доколку се судрат со Земјата, предупредуваат од НАСА. Ова тврдење го изнесе Линдли Џонсон од НАСА, но вели дека астероидот може да го промени правецот, доколку на време се влијае на него.
НАСА се надева дека за својата програма ќе добие 76 милиони фунти од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за да може да ја „одбрани“ Земјата од галактички камења.
Многу експерти се плашат дека моментално постојат премногу астероиди, кои би можеле да ја загрозат нашата планета. И додека Трамп најави дека НАСА е во неговите планови, Конгресот на САД и не се согласува во целост со претседателот.
Научниците велат дека на околу 30 милји околу Земјата се наоѓаат барем 10.000 астероиди со големина на фудбалски терен, пренесува „Daily Star“.
„Дури 950 од нив се толку големи што би можеле да предизвикаат глобална катастрофа“, вели Џонсон.
Дури и предметите со должина од 140 метри или повеќе би можеле да доведат до катастрофа, а во вселената има дури 8.303 такви предмети, пренесуваат од НАСА.
„Ако тие судири се случат во градовите, тоа ќе биде катастрофа што дури сега не можеме ниту да ја замислиме“, вели Џонсон и додаде дека пред 30 години постоеле само неколку астероиди кои се сметале за опасни.
„Тоа е поради тоа што никој навистина не погледна да види што има таму. Се што треба да направиме е да ја промениме брзината на астероидите за само еден процент. Ако го направиме тоа пред самиот судир, астероидот ќе ја промени својата орбита и нема да биде закана за Земјата“, објаснува Џонсон.
Извор: B92.net
Текстот НАСА: На Земјата и се закануваат дури 950 астероиди, катастрофата може да се спречи е превземен од USB.mk.