NASA се подготвува за прв пат во последните 50 години да испрати живи суштества длабоко во вселената, а со помош на леталото BioSentinel, кое за почеток во орбититата би требало да однесе едноклеточнa габa која скробот го претвoра во шеќер, а која ја познаваме како квасец.
Габата треба да тргне на пат околу Сонцето, а со тоа научниците подобро би разбрале за влијанието на радијацијата надвор од магнетното поле на Земјата. BioSentinel е едно од 13 коцкасти летала во рамки на мисијата Artemis 1, кое би требало да почне на средината на 2020 година, што е повеќе од 47 години откако агенцијата испратила жив организам надвор од Земјина орбита.
Минатиот пат организмите биле многу покомплексни, бидејќи се работело за Apollo 17 кој бил испратен во 1972 година. Други пак тврдат дека астронаутите биле последни живи организми кои биле испратени надвор од орбитата намерно, а дека некои микроорганизми веќе биле пронајдени на роботски летала кои патувале низ вселената.
Додека мисијата Apollo 17 траела само две недели, се планира BioSentinel да ги собере податоците помеѓу девет и 12 месеци, што ќе отворат прозорец за истражување на долгорочните ефекти на зрачењето на ДНК на живите организми.
Извор: PC Press.rs
Текстот NASA планира до 2020 година да испраќа живи суштества во вселената е превземен од USB.mk.