Тим од научници, предводени од Шуаи Ли од Универзитетот на Хаваи и Ричард Елфик од NASA, користејќи податоци од сателитот за мапирање на минерали што орбитира околу Месечината, потврдија дека на површината на единствениот природен сателит околу Земјата има мраз.
Поголемиот дел од новонајдениот мраз се наоѓа во кратерите околу половите, каде највисоките температури достигнуваат -150 степени целзиус.
Заради тоа што оската на Месечината е многу малку навалена, светлината скоро и никогаш не допира до овие региони.
Фактот дека на Месечината има големо количество мраз на површината отвора нови можности за идни експедиции кои што сега ќе ја имаат можноста трајно да го населат овој сателит.
Текстот NASA потврди дека површината на Месечината содржи залихи од мраз е превземен од USB.mk.